Објавено на:

ЕУ и Украина со заеднички предлог за договор со Русија за прекин на огнот

t

Европската Унија и Украина изнесоа свој предлог за договор за прекин на огнот со Русија, кој треба да послужи како основа за претстојните разговори меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин, објави „Волстрит џурнал“ (WSJ), повикувајќи се на европски претставници.

Повикувајќи се на неименувани извори запознаени со процесот на преговори, „Волстрит џурнал“ објави дека за време на состанокот со високи американски претставници во Велика Британија денес, ЕУ го отфрли предлогот за размена на делови од регионот Донецк, кој е под контрола на Украина, како услов за прекин на огнот.

Целта на Европа е да соработува со Украина за да повлече црвена линија за која европските претставници велат дека треба да се применува во сите преговори со Русија.
„Њујоршкиот весник“ наведува дека европскиот предлог предвидува прекин на огнот пред какви било други чекори, објавува УНИАН.

Исто така, се наведува дека териториите можат да се разменуваат само на реципрочна основа, што значи дека ако Украина повлече војници од некои региони, Русија мора да повлече војници од други.

„Не можете да го започнете процесот со откажување од територија во средината на борбата“, рече еден европски преговарач.

Европскиот план беше презентиран денес пред американската делегација, во која беше и потпретседателот на САД Џ.Д. Венс, додека други американски претставници присуствуваа преку видео врска.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека ќе се согласи на прекин на огнот доколку Украина врати делови од регионот Донецк што ги контролира на Русија, потврдија неколку претставници запознаени со предлозите на Москва.

Линиите на фронтот ќе бидат замрзнати и на други места, вклучувајќи ги Запорожје и Херсон, кои исто така ги бара Русија.

Некои европски претставници денес изјавија дека ако Украина се откаже од целиот регион Донецк, Русија ќе мора да се повлече од окупираните делови од регионот Запорожје и Херсон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ и Украина со заеднички предлог за…

Европската Унија и Украина изнесоа свој предлог…

Макрон: Иднината на Украина не може да…

Иднината на Украина не може да се…

Украина со санкции против поединци и компании…

Украина воведе санкции против 18 физички и…

Трамп: Очекувам Зеленски да биде подготвен да…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува…

Кина задоволна поради контактите на САД и…

Кина е задоволна што гледа како Русија…