ЕУ му врати на Курти: Не одлучувате вие кога ќе ви се укинат санкциите
Европската унија ќе ги укине мерките против Приштина кога тоа ќе го решат земјите-членки, а не косовските политичари, изјави денеска портпаролот на ЕУ Петер Стано, коментирајќи ги тврдењата на привремените институции на премиерот на Приштина, Албин Курти, дека Приштина ги исполнила Барањата на ЕУ за укинување на казнените мерки.
Стано на брифингот со новинарите се осврна и на фактот дека помина една година од донесувањето на Декларацијата за исчезнати лица, како дел од дијалогот и истакна дека во оваа фаза нема никакви вести, нема напредок и оти ЕУ сè уште очекува да може да види дека двете страни напредуваат.
„Тоа важи и за дијалогот воопшто, а особено за ова конкретно прашање. По постигнатите договори мора да следат конкретни дејствија, а не ЕУ е таа што не сака или не може да преземе акции, туку страните“, рече Стано.
Кога станува збор за укинувањето на мерките против Приштина, тој потсети дека, кога ЕУ воведе мерки поради „константни кризни ситуации, еднострани одлуки и ескалација на односите“ со Белград, јасно стави до знаење дека тоа се реверзибилни мерки, кои ќе бидат укината кога земјите-членки на ЕУ ќе одлучат да го сторат тоа.
„Кога земјите-членки ќе одлучат, а не косовските политичари, дека нема причина овие мерки да останат на сила, а тоа досега не се случило“, нагласи Стано.
Тој додаде дека разговорите се во тек, дека мерките се уште не се укинати и дека земјите-членки продолжуваат со дискусиите за ова прашање.
„Тоа се внатрешни процеси, ние ги видовме изборите во четири општини (со српско мнозинство) како еден од елементите што доведоа до воведување мерки, но тоа е на земјите-членки, согласно заклучоците на општите работи. Совет од декември минатата година, да ја разгледаме состојбата и потоа заедно со европските институции да одлучиме дали ќе ги укинеме мерките или не“, рече Стано.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како членките на ЕУ им помагаат на…
Податоците на Евростат велат дека во 2021…
Уапсен е 28-годишник од Косово, се обидел…
МВР информира дека синоќа во 21.10 часот…
По 100 евра за косовските пензионери и…
Косовската влада додели по 100 евра како…
ФБИ ќе го истражува терористичкиот напад на…
Американскиот амбасадор во Косово Џефри Ховениер изјави…
Фон дер Лајен: Постигнати се пресвртници во…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…