Објавено на:

ЕУ нема ѝ даде 7,5 милијарди евра на Унгарија од европските фондови

t

Комесарот Јоханес Хан, задолжен за буџетот и администрацијата, рече дека оваа бројка е приближно една третина од кохезионите фондови што земјата ги добива од буџетот на ЕУ, пренесува Euro news.

За Брисел, препораката на Советот за усвојување на оваа казнена мерка е следниот чекор во процесот на механизмот за владеење на правото што го започна против Унгарија во април.

Механизмот, одобрен само неколку недели претходно од Европскиот суд на правдата по предизвиците од Будимпешта и Полска, му дозволува на Брисел да воведе финансиски санкции на земјите-членки „за да го заштитат буџетот“ доколку се смета дека ги прекршиле основните вредности на ЕУ.

Одлуката за изрекување на финансиската казна е донесена едногласно од страна на комесарите, рече Хан, за време на вонредната седница на Управниот одбор рано изутринава.

Хан нагласил дека Будимпешта навела 17 поправни мерки откако Брисел го започна механизмот за условување и дека тие „во принцип треба да можат да ги решат проблемите опишани во известувањето“. Тој рече дека тие вклучуваат „систематски неправилности“ во процесот на јавни набавки, судир на интереси меѓу владините службеници и слабости во истрагата и гонењето на случаите што се однесуваат на фондовите на ЕУ.

Тој, исто така, нагласил дека тоа е можно само доколку тие се спроведат соодветно и дека временската рамка е сè уште „многу тесна“ и дека за конкретните промени во практика ќе биде потребно време.

„Ризикот за буџетот останува во оваа фаза, затоа не можеме да заклучиме дека буџетот на ЕУ е доволно заштитен“, продолжи тој.

Ова соопштение на Европската комисија доаѓа само три дена откако претставници на Европскиот парламент изјавија дека Унгарија повеќе не е целосно функционална демократија, туку „хибриден режим на изборна автократија“.

Во својата резолуција, европските претставници вината за промената на владеењето на правото во Унгарија ја препишуваат директно на премиерот Виктор Орбан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонски музичари ќе нè забавуваат на Плоштад…

На новогодишната ноќ, на плоштадот „Македонија“ во…

ДПИ: Цените на производите од „новогодишната кошница“…

Од мониторингот кај трговците на мало (маркетите)…

(Видео) Битиќи до Кочоска: Компаниите ги оставивте…

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната…

Снегот предизвика проблеми во Бугарија, Боровец остана…

Снежното невреме во Бугарија предизвика проблеми во…

Финансиска полиција спроведува акција за апсење на…

Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан…