Објавено на:

ЕУ не ги храни? Третина од Грците се лишуваат од храна за да платат сметки!

t

Секоја недела кафето во Грција има повисоки цени. Сопствениците на кафулиња, барови и таверни велат дека се принудени да ги приспособат цените бидејќи трошоците растат.

Кафето кое минатото лето се продаваше на плажа за 2 евра, сега чини 4 евра. Во различни ресторани цените се различни, но секогаш повисоки од порано, се жалат муштериите.

И производителите на облека и обувки велат дека се принудени да ги зголемат цените и очекуваат пад на прометот.

Од 1 јули се очекува нов бран поскапувања што ќе ја опфатат не само храната, предупредуваат економистите.

Во Грција веќе се зборува за „енергетска сиромаштија“. Истражувањето објавено денеска покажува дека секое второ грчко семејство има тешкотии да ја плаќа струјата, а третина од Грците се лишуваат од храна за да ги покријат долговите.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагедија во Грција: Хеликоптер се урна во…

Хеликоптер се урна во морето во близина…

Силен земјотрес во Грција, туристи во паника…

Силен земјотрес од 5,2 степени според Рихтеровата…

Трагедија во Грција: Србинка се удави во…

Тешка трагедија го потресе грчкото летувалиште Сивири…

Грција најавува повисоки казни за возење пијани…

Грција наскоро ќе воведе построг закон за…

Драма во Грција: Србин спасил Македонец од…

Вистинската драма се одвивала во Грција кога…