Објавено на:

ЕУ не планира да ѝ ги врати замрзнатите средства на Русија: Кремљ најави „непредвидливи последици„ за Унијата

t

Европската унија нема намера да ги врати приходите од замрзнатите руски средства и по укинувањето на санкциите кон земјата. „Советот одлучи дека руските приходи не се сметаат за суверени средства.“ Одлуката ќе стапи во сила на 23 мај, според проширената одлука на Советот на ЕУ, објавено е во Службен весник на ЕУ.

„Неочекуваните и вонредни приходи не треба да бидат достапни на Централната банка на Русија во согласност со сегашните правила дури и по укинувањето на забраната за трансакции“, се наведува во документот. Советот на ЕУ одлучи дека приходите од руските резерви „не припаѓаат на суверени фондови и затоа нормите за заштита на суверените фондови не се применливи за нив“, пренесува Комерсант.

Под неочекувани и вонредни приходи, Советот на ЕУ подразбира приход што се акумулира благодарение на рестриктивните мерки. Прес-службата на претставништвото на Русија во Европската унија одлуката на Советот на ЕУ ја нарече кражба, наведувајќи дека „последиците од создадениот преседан ќе бидат непредвидливи“ за ЕУ.

На 21 мај, Европската комисија објави дека првите приходи од средствата на Централната банка на Русија ќе бидат префрлени во Украина во јули. Планирано е 90 отсто од остварената добивка во 2024 година да биде насочена кон Украина преку Европскиот фонд за мир.

Оваа година Украина може да добие три милијарди евра од руските замрзнати средства. Парите ќе бидат наменети за воена помош. По почетокот на специјалната воена операција во Украина, ЕУ и земјите од Г7 замрзнаа околу 280 милијарди долари средства на Централната банка на Русија. Повеќето од овие средства се чуваат од белгискиот депозитар Euroclear.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голем удар за Русија, хакерски напад го…

Руските медиуми јавуваат за голем хакерски напад…

Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…

Белата куќа соопшти дека САД и Русија…

Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…

Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…

ЕУ масовно инвестира во одбраната

Лидерите на Европската унија на самитот во…

Путин бара од Украинците да земат руско…

Рускиот претседател Владимир Путин почна да врши…