ЕУ објави: Бугарија добива Шенген за вода и воздух на 31 март!
Европската унија ја објави одлуката за влез на Бугарија и Романија во Шенген по воздушен и воден пат. Се вели дека решението ќе стане официјално на 31 март.
„Од 31 март 2024 година се укинуваат проверките на лицата на внатрешните воздушни и поморски граници со и меѓу двете земји. Одредбите од шенгенското право се применуваат за Бугарија и Романија во меѓусебните односи и во односите со Белгија, Чешка, Данска, Германија, Естонија, Грција, Шпанија, Франција, Хрватска, Италија, Латвија, Литванија, Луксембург, Унгарија, Малта, Холандија, Австрија, Полска, Португалија, Словенија, Словачка, Финска и Шведска, како и со Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија“, се вели во одлуката на ЕУ.
Исто така, се наведува дека Советот „работи на одлука за укинување на проверките на лицата на внатрешните копнени граници“, потсетувајќи дека таа може да биде донесена само едногласно.
„Националните визи за краткорочен престој издадени од Бугарија и Романија пред 31 март 2024 година остануваат валидни за целите на транзит низ територијата на други земји-членки или за планиран престој на нивната територија што не надминува 90 дена во рамките на секои 180 – дневен период, доколку ги признале овие визи за краткотраен престој за овие цели во согласност со Одлуката бр. 565/2014/ЕУ. Ќе се применуваат условите наведени во наведената одлука“, се наведува понатаму во документот.
Оваа одлука влегува во сила на денот на нејзиното објавување во Службениот весник на Европската Унија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…
Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…
Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…
Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…
Земјотрес во Бугарија
Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…
Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија
Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…
Македонија ја прегази Бугарија за финале на…
Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…