ЕУ планира да воведе нови санкции за Русија и забрана за транзит на определени стоки
Европската унија, како дел од новиот пакет санкции, планира да воведе забрана за транзит на одредени стоки низ територијата на Русија, пишува Bloomberg, повикувајќи се на извори.
Забраната за транзит ќе се однесува на бројни технологии и други стоки, вклучително и неколку видови возила.
Во написот се појаснува и дека новите санкции најверојатно нема да влијаат на државната корпорација Росатом, бидејќи „во ЕУ нема консензус по ова прашање“.
Како што претходно изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, Будимпешта никогаш нема да се согласи на воведување ограничувања против Росатом, бидејќи тоа ќе ја загрози енергетската безбедност на земјата. Според него, овие ограничувања не биле поддржани и од некои европски земји кои користат нуклеарна енергија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Киев ги зазеде областите од каде…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Москва…
Русија евакуира цивили по навлегувањето на украинските…
Русија денеска евакуираше цивили од делови на…
Украинските војници заробија нов руски тенк во…
Украинските војници успешно заробија најсовремен руски тенк…
(Видео) Украински командант: Освоивме 1.000 квадратни километри…
Главниот воен командант на Украина рече дека…
Украинскиот напад во Курск предизвика пад на…
Нападот на украинската армија на руска територија…