ЕУ, САД и Велика Британија го потпишуваат првиот договор за вештачка интелигенција
Европската Унија, САД и Велика Британија се очекува да го потпишат првиот меѓународен договор за правно регулирање на технологиите базирани на вештачка интелигенција, јави весникот „Фајненшл Тајмс“.
Брисел, Вашингтон и Лондон се очекува денеска да ја потпишат конвенцијата на Советот на Европа за вештачка интелигенција, која ги нагласува човековите права и демократските вредности во нејзиниот пристап кон регулирањето на системите на јавниот и приватниот сектор.
Конвенцијата, која има правно обврзувачки карактер, се подготвувала повеќе од две години. Во нејзиното создавање учествуваа повеќе од 50 држави, меѓу кои Канада, Израел, Јапонија и Австралија, дополнува „Фајненшл Тајмс“.
Рамковната конвенција на Советот на Европа за вештачката интелигенција, човековите права, демократијата и владеењето на правото беше усвоена од Комитетот на министри на Советот на Европа на 17 мај 2024 година.
Државите кои сакаат да го потпишат меѓународниот договор имаат можност да го сторат тоа од денеска, 5 септември, во Вилнус, главниот град на Литванија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СКАНДАЛОЗНИТЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ…
Собранието денеска треба да ги разгледа на…
Медведчук го пријавил до белгиското Обвинителство обидот…
Лидерот на движењето „Втора Украина“, поранешниот лидер…
Османи со закана? Мицкоски ќе сфати дека…
„Не по секоја цена сметам дека ДУИ…
Трамп се подготвува за повлекување на САД…
Членови на тимот за претседателска транзиција на…
Израел за прв пат потврди дека стои…
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац за…