ЕУ со нова помош: 205 милиони евра за Украина
ЕУ денеска додели уште 205 милиони евра наменети за хуманитарна помош за Украина, со што вкупниот износ на досега издвоените европски средства за храна, вода, здравствена заштита и сместување на Украинците погодени од војната се искачи на 700 милиони евра.
Европската комисија соопшти дека, преку досега најголемата мобилизација на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, сите 27 земји-членки, како и Турција, Норвешка и С. Македонија, на Украина ѝ обезбедиле повеќе од 38.000 тони помош во вредност од 373 милиони евра, вклучително и комплети за прва помош, храна, заштитна облека, но и противпожарна опрема, камиони, мобилни болници и енергенти.
ЕУ, исто така, формираше центри за хуманитарна помош во Полска, Романија и Словачка за побрзо доставување на помошта, како и две складишта за хуманитарна опрема во самата Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Путин да се фокусира на мирот во…
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…
Министрите за надворешни работи на Украина и…