ЕУ со помош за Шпанија и Португалија поради наглиот раст на цената на струјата
Европската унија им одобри на Шпанија и Португалија да користат милијарди евра државна помош за потрошувачите погодени од скокот на цената на електричната енергија поради руската инвазија врз Украина. Европската комисија, одговорна за правилата за државна помош, одобри едногодишна програма која вклучува 8,4 милијарди евра помош, од кои 6,3 милијарди евра се за Шпанија и 2,1 милијарди евра за Португалија. Средствата треба да го олеснат плаќањето на трошоците за гориво на производителите на електрична енергија.
Европската комисија одобри програма која ги заобиколува правилата на заедничкиот пазар на ЕУ поради сѐ посериозните нарушувања со кои се соочуваат шпанската и португалската економија. Шпанија верува дека помошта веднаш ќе ги намали трошоците на потрошувачите, додека некои шпански енергетски компании го критикуваа планот, велејќи дека тоа ќе го наруши пазарот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мурати: Македонија некогаш беше пример на надеж…
Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ денеска…
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…
„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…
Правда „засука ракави“: Изготвени дваесетина закони како…
Со новите измени на кривичниот законик ќе…
Филипче од Атина: Македонија е заглавена со…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на меѓународна…