Објавено на:

ЕУ со санкции удри по рускиот гас

t

Европската Унија официјално го усвои 14. пакет санкции насочени кон Русија, а меѓу новите мерки се опсежни мерки насочени кон секторот на природен гас, во кој оваа земја е четврти најголем извозник во светот.

Според овој пакет санкции, земјите од ЕУ повеќе нема да смеат да ги користат своите пристаништа за транспорт на руски природен гас, а ќе важи и за некои пристаништа кои се поврзани со Европската Унија, но не се наоѓаат на територијата на земјите членки на оваа организација.

Вреди да се истакне дека Русија ги користеше пристаништата на земјите-членки на ЕУ за пренос на својот природен гас во други земји, вклучително и Кина.

Дополнително, пакетот воведува нови списоци насочени кон поединци и субјекти одговорни за дела кои го поткопуваат или загрозуваат територијалниот интегритет, суверенитет и независноста на Украина.

На списокот има вкупно 116 дополнителни имиња, вклучувајќи 69 физички лица и 47 субјекти, кои се предмет на замрзнување на имотот, а во случај на физички лица, забрана за патување.

„Овој пакет значително ги зајакнува нашите финансиски санкции со воведување забрана за банките на ЕУ надвор од Русија да го користат системот за финансиски пораки SPFS, што е руски еквивалент на SWIFT.

Тој, исто така, му дозволува на Европскиот совет да подготви список на банки од трети земји, освен Русија, поврзани со таков систем; на тие банки ќе им биде забрането да работат со оператори од ЕУ.

Конечно, тој забранува трансакции со банки и даватели на крипто-средства, во Русија и трети земји, кои ги олеснуваат трансакциите што ја поддржуваат руската воено-индустриска база. Овие нови санкции ќе ја ограничат способноста на Кремљ да канализира средства за финансирање на својата воена машина“, се вели во соопштението на Европската комисија за овие санкции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Универзитетот за туризам и менаџмент ја “избриша”…

Вечерва Универзитетот за туризам и менаџмент ја…

ХРВАТСКА САКА ДА ГО СРУШИ ВУЧИЌ ЗАТОА…

Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, денеска…

ВИСАТ ВО ВОЗДУХ НОВИТЕ АРМИСКИ ХЕЛИКОПТЕРИ ОД…

Техничкиот аранжман за набавка на 8 армиски…

Двајца осудени за 27 април побарале помилување

Дел од обвинетите за организирањето на упадот…

Касами со албанско знаме го пречека таткото…

Градоначалникот на Тетово Билал Касами Денес во…