ЕУ: Тешко е да се проверува дека Пригожин навистина загинал
„Видовме извештај за авионската несреќа во која наводно загинал Евгениј Пригожин, водачот на групата Вагнер, заедно со членовите на неговата придружба и членовите на екипажот“, изјави Петер Стано, портпарол на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика на денешната прес-конференција.
„Меѓутоа, како и многу други работи во Русија, ни е многу тешко да потврдиме, па затоа не ни е да коментираме“, додаде Стано. Стано истакна дека се добро познати „негативните акции“ на Пригожин и групата Вагнер, посочувајќи на нивното учество во војната во Украина и операциите во африканските земји.
„Каде и да беа оставија трага на кршење на човековите права и меѓународното хуманитарно право. Има многу неодговорност, правилата според кои тие работат се нејасни“, рече Стано. Идните операции на групата нема да бидат погодени само од „наводната смрт на Пригожин“, туку и од „настаните во јуни“ кога групата одлучи да маршира кон Москва во краткотраен бунт, додаде тој.
Стано рече дека ЕУ се надева дека „негативното влијание“ на операцијата на Вагнер ќе престане, но тој е свесен дека платеничката група „не се врзува само за името на нејзиниот водач“. Тој посочи дека поврзаноста на групата со Кремљ е едно од неколкуте „комплексни прашања“, истовремено нагласувајќи дека не е на ЕУ да „шпекулира дали наводната смрт на Пригожин во авионска несреќа ќе има некакви конкретни последици за активностите на Вагнер“, објави Си-Ен-Ен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Макрон ја отфрла идејата на Трамп за…
Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека…
Левица по третпат бара Надзорна расправа за…
Утре, Постојаната анкетна комисија за заштита на…
Гувернерот Славевски се пожали дека многу го…
Гувернерот Трајко Славевски во неговата објава на…
Полнете ги резервоарите – од полноќ поскапување…
Цените на горивата од вечерва на полноќ…
Арсовска за денес најави објавување докази за…
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска најавува продолжување…