ЕУ формира трубинал за гонење на воени злосторства на руската војска во Украина
Руската Федерација и нејзиното раководство мора да одговараат за злосторствата извршени во Украина, рече претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во изјавата со која објави договор за формирање Центар за судско гонење на руското „злосторство на агресија врз Украина“.
-Руската инвазија донесе невидено страдање во Украина… Има сè повеќе докази за директни напади против цивили, како и врз енергетската и друга инфраструктура. Познато е дека тортура, малтретирање, сексуално насилство и егзекуции се извршени од страна на русите сили. Ниту децата не се поштедени. Русија мора да одговара за овие ужасни злосторства. Путин мора да одговара. Мораме да направиме се што е во наша моќ за да ги изведеме сторителите пред лицето на правдата, вели фон дер Лајен.
Таа додава дека Европската унија ја поддржува улогата на Меѓународниот кривичен суд, но и додава дека веруваат дека треба да има посебен трибунал за гонење на руското злосторство и агресија.
-И јас сум горда што, на оваа конференција, како прв чекор ќе потпишеме договорот за формирање на Меѓународен центар за гонење на кривично дело агресија во Хаг. Европската унија ќе продолжи да работи, со нашите партнери, за да се осигура дека Русија плаќа, рече фон дер Лајен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нигеp ги пpекинува дипломатските односи со Укpаина
Нигер ги прекинува дипломатските односи со Украина…
Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…
Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…
„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…
Иранската влада побарала од Русија напредни радари…
ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…
Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…
Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…
Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…