ЕУ ќе воведе забрана за увоз на руска нафта до крајот на годината?
До крајот на годината ЕУ најверојатно ќе воведе постепено забрана за увоз на руска нафта како дел од новата рунда санкции против Русија поради нејзината инвазија на Украина, изјавија извори за француски медиуми.
Европската комисија, која подготвува санкции за 27-те земји на ЕУ, во моментов го подготвува текстот, што би можел да им биде доставен на земјите-членки уште в среда, велат дипломатите.
Неколку дипломати рекоа дека забраната е овозможена по пресврт на политиката од страна на Германија, која се спротивставуваше на мерката, сметајќи ја за потенцијално штетна за нејзината економија.
Според дипломатите, Комисијата ќе предложи постепено воведување на забраната за шест до осум месеци, давајќи им на земјите време да го диверзифицираат своето снабдување, велат изворите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цената на нафтата порасна по израелскиот напад…
Цената на суровата нафта во светот порасна…
Ердоган: Откриени нови резерви на нафта во…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави…
Турција откри 20 милијарди барели нафта во…
Турција откри 20 милијарди барели нафта во…
Инцидент во српска рафинерија: Истекоа 82.000 литри…
Околу 82.000 литри нафта се излеале за…
Цените на нафтата се приближуваат до 65…
Цените на нафтата денеска се стабилизираа на…