ЕУ ќе ѝ помогне на БиХ за справување со поплавите
Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел денеска изјави дека ЕУ ќе застане покрај БиХ поради поплавите што ја погодија таа земја и ќе пружи помош.Борел на платформата „Х“ напиша дека веќе има жртви и исчезнати во „катастрофалните поплави во Босна и Херцеговина“.– ЕУ е солидарна со БиХ и дава поддршка во вонредни ситуации. Подготвени сме да помогнеме преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ – напиша тој.Во поплавите што ја погодија БиХ загинаа најмалку 19 лица, потврдија надлежните органи, а се стравува дека бројката може да биде значително поголема.Како што јави „N1“, според потврдени информации, од 20 до 40 лица се водат како исчезнати.Обилните врнежи предизвикаа свлечишта и одрони во текот на ноќта од четвртокот кон петокот, а најтешко беше подрачјето на општина Јабланица, заедно со општините Коњиќ, Кисељак, Фојница и Крешево.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…
„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…
Производителите на пченица се во загуба ако…
Благојче Богоески е млад земјоделец од село…
Премиерот повторно излажа: За учество на избори…
Да се тврди дека зголемувањето на прагот…
Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…
Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…