ЕХФ се огласи за натпреварот Алкалоид – АЕК: За одлука уште ќе се чека!
Европската ракометна федерација (ЕХФ) во вторникот соопшти дека ја предала целата релевантна документација што ја поседува до своите правни тела и побарала иницирање на правна постапка против Алкалоид и АЕК.
Овој чекор следува поради инцидентот што се случи во неделата, на 25 мај, кога не се одигра реванш натпреварот од финалето на ЕХФ Европскиот Куп во машка конкуренција меѓу двата клуба.
Според соопштението на ЕХФ, доставената документација до правните органи се однесува, меѓу другото, на дистрибуцијата на билети за гостинските навивачи од страна на Алкалоид во деновите пред натпреварот, како и на одбивањето на АЕК Атина да излезе на теренот за почетокот на натпреварот.
И двата клуба се повикани да достават свои изјави и информации кои ќе бидат земени предвид од правните тела на федерацијата.
Од ЕХФ нагласуваат дека дополнителни информации ќе бидат објавени дури откако ќе биде донесена правна одлука.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Конечно: РК Алкалоид службено го доби натпреварот…
Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска и официјално…
АЕК бара презакажување на реваншот со Алкалоид
Од самиот почеток, целата управа на АЕК…
ЕХФ се огласи за натпреварот Алкалоид –…
Европската ракометна федерација (ЕХФ) во вторникот соопшти…
(Видео) Навивач на АЕК нападнат во центарот…
Во саботата пред полноќ, грчки државјанин пријавил…
Галевски е јунакот на Алкалоид: „Шпага“ за…
Алкалоид обезбеди место во финалето на Европскиот…