Е-спортот стана официјален спорт во Македонија

t

“Уште една федерација стана дел од семејството на Агенцијата за млади и спорт. Современиот начин на живеење и промените што ги носи новото време иницираше потреба од ставање во функција на уште една федерација, која во својот домен на работење опфаќа еден поинаков начин на спортување.

По тој повод Агенцијата организираше прес конференција на која освен директорот на Агенцијата Наумче Мојсовски говореа и претседателот на е-федерацијата Бобан Тотовски и советникот за млади во Владата на Република Северна Македонија Ѓорѓи Тасев.

Навистина ми е голема чест и задоволство што денеска и официјално е-спорт федерацијата станува дел од македонскиот спорт и што сме согласни за сите услови и предизвици кои ги носат новите времиња. Сакам да истакнам дека сите спортови во нашата земја имаат и во иднина ќе имаат силна поддршка од Агенцијата за млади и спорт. Се обврзавме да бидеме тука за сите спортови така и ќе продолжиме, истакна Мојсовски.

Ви честитам на успесите кои до сега ги постигнавте, и ви посакувам поголеми успеси во иднина. Го препознавме вашиот талент и силна желба за големи успеси , ви посакувам како млади луѓе да продолжите со истиот ентузијазам и понатака, додаде Мојсовски.

Упорноста на директорот на АМС, како и советникот во Владата на Република Северна Македонија Ѓорѓи Тасев и нивните иницијативи изминативе две години доведоа до реализирање и официјалното постоење на е-спорт федерацијата, истакна Тотовски.

Тој додаде дека учествата и резултатите од натпреварувањата во изминативе две години ги прави искусни уште на стартот на постоењето.

Советникот во Владата на Република Северна Македонија Тасев истакна дека заеднички сведочиме за успехот кој со самото официјализирање на е-спорт федерацијата докажува дека кога се сака-се може, а остварувањата на членовите, е-спортисти на изминативе 13 светски натпреварувања се навистина за респект.” пренесуваат од Владата

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Македонија води против Казахстан!

Александар Трајковски се најдев во првиот состав…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…