Објавено на:

Жално но вистинито: ОН немале капацитет да помогнат после земјотресот во Авганистан

t

ОН немаат доволно капацитет да бараат и спасуваат луѓе по разорниот земјотрес во Авганистан, а Турција е во најдобра позиција да ги обезбеди, изјави денеска заменик-претставникот на ОН за Авганистан, Рамиз Алакбаров.

„Разговаравме за тоа со турската амбасада овде на терен и тие чекаат да им испратиме формално барање“, рече Алакбаров.

Тој додаде дека ОН ќе можат да испратат такво барање до Турција само по разговори со локалните власти и кога ќе се утврдат вистинските околности на теренот.

Во силниот земјотрес што синоќа го погоди руралниот, планински регион во источен Авганистан во близина на пакистанската граница, според претходните податоци, како што објавија локалните власти, загинале најмалку 1000 луѓе.

Извор: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес во БИХ, почувствуван и во Хрватска…

Земјотрес со јачина од 3,1 степени според…

Белгија насилно ќе депортира мигранти од Авганистан

Белгија подготвува план за насилно враќање на…

Земјотрес рано утрово во Словенија

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според…

Силен земјотрес на Камчатка

Земјотрес со јачина од 6,3 степени според…

СИЛЕН земјотрес го погоди Авганистан

Земјотрес со јачина од 5,4 степени според…