Железници повторно во функција: Прекинат бојкотот на машиновозачите
Товарниот железнички сообраќај да биде во функциија од вечерва, а патничкиот од вторник следната недела, договориле денеска машинскиот и извршниот персонал во ЖРСМ Транспорт и раководството на претпријатието.
Тони Димовски, претставник на машиновозачите за МИА изјави дека е постигнат договор за прекин бојкотот што го почнаа на 25. минатиот месец со барање за исплата на вториот дел од платата за јули, како и за редовност во исплата, што е честа причина за бојкоти во железничкото претпријатие
– Бојкотот е прекинат бидејќи во преговорите со менаџерскиот тим е постигнат позитивен договор. Ќе бидат повлечени суспензиите за колегите и нема да има ниту една санкција, вели Димовски.
Машинскиот и извршниот персонал во ЖРСМ Транспорт, го почна бојкотот поради неисплатениот втор дел од платата за јули годинава.
Од стартот на бојкотот не сообраќаа ниту патничките ниту товарните возови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата повторно ги спасува „Железници“ со 16…
Иако на крајот од минатата година, преку…
Се бара нуркач за да ја провери…
Се бара нуркач за да ја провери…
Турскиот Парламент најави бојкот на производите на…
Рестораните во комплексот на турскиот Парламент нема…
Железници повторно во функција: Прекинат бојкотот на…
Товарниот железнички сообраќај да биде во функциија…
Уште тоа ни требаше: Железничарите најавија блокада…
Системот секодјневно се распаѓа, по протетсите на…