Објавено на:

Жена во центарот на голема измама во Русија: Го променила презимето во Шојгу и измамила десетици луѓе

t

Русинка која го сменила презимето во Шојгу и се претставувала како роднина на рускиот секретар на советот за безбедност и поранешен министер за одбрана Сергеј Шојгу, измами десетици луѓе за пари, пренесе „Танјуг“.

Адвокатот што ги застапува трите жртви, Саид Јарахмедов, изјави за „РИА Новости“ дека жената ги сменила податоците за пасошот и добила документи на име на Сергеј Шојгу.

После тоа, таа запознала луѓе и им понудила да инвестираат во нејзиниот бизнис за да добиваат месечен приход.

Според адвокатот, измамницата кратко потоа исчезнала.

„Некој ѝ дал милион рубљи (околу 11.000 евра), некој 1,2 милиони, 1,5 милиони. Вкупно, неколку десетици жртви беа оштетени“, рече Јарахмедов.

Тој додаде дека против неа е поднесена кривична пријава до полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жена во центарот на голема измама во…

Русинка која го сменила презимето во Шојгу…

Од 12 октомври сите патници од земји…

Од 12 октомври 2025 година, сите патници…

Германија на работ: Министерот предупредува на опасна…

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус предупреди…

Академски пленум: Вучиќ се откажа од митинзите…

Неформалната мрежа Академски пленум денес оцени дека…

Филипче: Се случуваат големи отпуштања на вработени,…

„Јасно е, ВМРО-ДПМНЕ работи за олигарсите, граѓаните…