Жена му не го гледала Макрон: Кастриот Реџепи бил купен со вработување
Пратеникот Кастриот Реџепи поради кој пропадна гласањето на доверба на владата најпрво велеше дека од високи дипломати добил црсти гаранции дека Македонија ќе добие датум за преговори, за потоа да соопшти дека сопругата го информирала дека ќе има датум и оти тоа го слушнала на телевизија.
-Еден ден ми дојде сопругата и ми вели дали го слушна претседателот Макрон за неговите изјави.Вие знаете дека тој дал инструкции во сите амбасади да се работи максимално да се добие датумот и да се надмине проблемот со Бугарија, изјави тогаш Реџепи.
Помина и јануари и јуни, а Македонија се уште нема датум за преговори, но затоа синот на Кастриот Реџепи, Ѓерг Реџепи од први месецов започна да работи во една од највисоко платените државни институции во Македонија, М-НАВ.
Со среќа нека е…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…
Бугари на големо купуваат имоти на Халкидики!
Бугарите плаќаат значителни суми за купување недвижности…
Американскиот воен брод „Нимиц“ плови кон Блиски…
Американскиот брод носач на авиони „УСС Нимиц“,…
Црногорската влада воведе санкции против Белорусија
Владата на Црна Гора денес одлучи да…
Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…
Министрите за надворешни работи на Украина и…