Жена од Гостивар која собирала донации за лекување измамена за 380 евра

t

Жена од Гостивар била измамена за 380 евра од едно лице.

– На 30.12.2024 во 17.30 часот во ОВР Гостивар, 36-годишна жена од Гостивар пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 380 евра. Според пријавеното, лицето се претставило дека работи со хуманитарни организации од Косово и Албанија и дека за нејзино лекување биле обезбедени 7.000 евра, но за да ги добие требало да уплати 380 евра преку брз трансфер на пари. Како што е пријавено, таа позајмила пари и му ги пуштила, но веќе наредниот ден не одговарал на нејзините повици, по што сфатила дека била измамена, соопштија од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жена од Гостивар која собирала донации за…

Жена од Гостивар била измамена за 380…

МВР распиша меѓународна потерница по ексдиректорот на…

Министерството за внатрешни работи ја објави меѓународната…

Апелациониот суд во Ниш го укина решението…

Советот на Апелациониот суд во Ниш вчера…

Новогодишна честитка на ССМ: Работната недела да…

Градење на системско решение и обезбедување на…

Си: Никој не може да го спречи…

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска изјави дека…