Објавено на:

Жена од Техеран: Луѓето попрво би загинале во бомбардирање отколку во затворите на Исламската Република

t

Една жителка на Техеран изјави за Би-Би-Си Персија дека многу луѓе во Иран се чувствуваат очајно поради состојбата во земјата и насилното задушување на протестите.

„Никој не сака војна – таа е застрашувачка“, изјавила таа.

„Но тие два месеци беа толку страшни што луѓето едноставно повеќе не можеа да го издржат тоа“, додала, мислејќи на насилното задушување на протестите од страна на властите претходно оваа година.

Според неа, многу луѓе чувствуваат дека „попрво би загинале во бомбардирање отколку во затворите на Исламската Република, каде што има мачење и сексуално насилство“.

„Можеби тоа е тешко да се разбере за луѓето кои не се овде. Иранците не се воинствени ниту неразумни, тие едноставно толку многу страдаа што ја достигнаа својата граница и сè што сакаат е нормален живот“, додала таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жена од Техеран: Луѓето попрво би загинале…

Една жителка на Техеран изјави за Би-Би-Си…

„Црн дожд“ паѓа врз Техеран по нападите…

Речиси десет милиони жители на Техеран утрово…

Арапска лига: Неоправдана иранска агресија врз соседните…

Шефот на Арапската лига во неделата нагласи…

Папата повика да престане звукот на бомбите,…

Папата Лав во неделата изјави дека длабоко…

Околу 200 жени и 200 деца загинале…

Телото задолжено за избор на новиот врховен…