Објавено на:

Жена спасена по 222 часа поминати под урнатините во Кахраманмараш

t

Од под урнатините на зграда во јужниот турски град Кахраманмараш спасена е 42-годишната Мелике Имамоглу дури 222 часа по првиот разорен земјотрес што го погоди југот на Турција, јави агенцијата Анадолија.

Имамоглу по 222 часа беше извлечена од урнатините во округот Оникишубат, Кахраманмараш, од тимовите за пребарување и спасување од Бурса.

Откако е извлечена од под урнатините, Имамоглу е предадена на медицинските екипи.

Во Кахраманмараш, кој беше епицентар на разорните земјотреси со јачина од 7,6 и 7,7 степени и други турски области погодени од земјотресот, продолжуваат напорите за пребарување и спасување на преживеаните од невидената катастрофа во во Турција загинаа најмалку 35.418 луѓе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Три лица од Турција нападнати кај кањонот…

– Вчера во 18:30 часот во СВР…

САД ѝ се заканија на Турција со…

Помошникот на шефот на американското Министерство за…

Турција го блокира Инстаграм

Овој потег уследи по коментарите на турскиот…

Турција ќе ги заловува, но нема да…

Турскиот парламент усвои закон што налага сите…

Застрашувачка изјава на Ердоган: Турција би можела…

Турција би можела да влезе во Израел…