Жените во земјите на ЕУ имаат помалку од една третина од пратеничките места, Македонија над европскиот просек

t

Во јули 2022 година, жените имале 32,7 отсто од сите мандати во националните парламенти на Европската Унија, додека во светот просекот бил 26,4 отсто, покажуваат објавените податоци од статистичката агенција Еуростат, по повод Меѓународниот ден на жената.

Во Европскиот парламент жените се исто така сè уште малцинство, но ги има пропорционално повеќе отколку во националните парламенти на земјите-членки на ЕУ.

Од формирањето на тоа тело во 1952 година до првите непосредни избори во 1979 година пратенички мандати имале само 31 жена, иако тогаш бројот на пратеници бил многу помал.

По првите непосредни избори процентот на жени беше 15,2 отсто, а денес сочинуваат 39,3 отсто од вкупно 705 пратеници.

Во националните парламенти на сите европски земји овој просек во февруари годинава изнесува 31,1 отсто, покажуваат редовните месечни податоци на Интерпарламентарната унија (ИПУ).

Во светот, жените го сочинуваат мнозинството во парламентот само во три земји, и тоа во Руанда (61,3 отсто), Куба (53,4 отсто) и Никарагва (51,7 отсто).

Мексико и Обединетите Арапски Емирати имаат еднаков број мажи и жени во нивните парламенти.

Од друга страна, постојат три земји во целиот свет чии парламенти немаат ниту една жена, а тоа се островските држави во Океанија, Папуа Нова Гвинеја и Вануату и Јемен на Арапскиот Полуостров.

Во долниот претставнички дом на оманскиот парламент има само две жени меѓу 85-те пратеници, а во кувајтскиот парламент жените имаат четири од вкупно 60 мандати.

Во регионот на Западен Балкан, во однос на пропорционалното учество на жените во националните парламенти предводат Македонија со 42,5 отсто и Албанија со 35,71 отсто, покажуваат податоците на ИПУ.

Извор

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кандидатот за потпpетседател на Тpамп: Амеpика не…

Тврдењата на актуелните американски власти за наводна…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Во земјите од регионот денеска се активирани…

Цените на недвижностите и кириите во ЕУ…

Во последната деценија и половина, пазарот на…

Макрон одби да ѝ се обрати на…

Францускиот лидер Емануел Макрон нема да се…