Жените кои тврдеа дека Брижит Макрон е маж се казнети и треба да платат отштета
Првата дама на Франција, Брижит Макрон, во февруари годинава тужеше две жени бидејќи тврдеа дека е родена како маж, а сега тие се казнети за клевета.
Жените тврделе дека сопругата на францускиот претседател всушност е родена како Жан-Мишел Троние, пред конечно да почне да живее како жена на 30-годишна возраст. Покрај тоа, тие тврдеа дека таа не родила ниту едно од нејзините три деца и тврдеа дека нејзиниот прв сопруг, 69-годишен пензиониран банкар, кој наводно починал како пустиник во 2020 година, никогаш не постоел.
Судот сега пресуди дека гласините се лажни и нареди дека Амандин Рој, 52-годишна самопрогласена спиритуалистка и Наташа Реј (48), која се претставува како хонорарна новинарка, мора да платат отштета од 8.000 евра на првата дама на Франција за лажните тврдења.
Ова не е првпат Емануел Макрон и неговата сопруга да бидат мета на гласини за полот и сексуалната ориентација. За време на претседателската кампања во 2017 година, Макрон ги негираше гласините дека е геј.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда
Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…
Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…
„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…
Производителите на пченица се во загуба ако…
Благојче Богоески е млад земјоделец од село…