“Жените немаат вредност ако го откријат лицето во јавност”
Портпаролот на талибанското Министерство за ширење доблест и спречување на пороците рече дека жените губат вредност ако мажите можат да ги видат нивните лица, додавајќи дека верските научници во Авганистан се согласуваат дека жените мора да го покриваат лицето надвор од своите домови, пишува МИА.
Талибанците, кои дојдоа на власт во Авганистан во август 2021 година, велат дека причината за забранет пристап за жени на повеќето јавни места е затоа што жените не ги почитувале правилата за носење хиџаб.
Портпаролот на талибанското министерство Молви Мохамад Садик Акиф изјави дека жените, доколку нивните лица се гледаат во јавноста, може да паднат во грев.
– Многу е лошо да се гледаат жени без хиџаб во големите градови, а нашите научници исто така се согласуваат дека лицето на жените треба да биде покриено, рече Акиф.
Тим Винтер, предавач по исламски студии на Богословскиот факултет на Универзитетот во Кембриџ, рече дека во исламот нема јасна наредба за покривање на лицето и дека Талибанците ќе мора да се борат да најдат нешто во исламските списи што ќе го поддржи нивното толкување на правилото за хиџаб.
Ограничувањата на талибанците за девојчињата и жените предизвикаа глобален бес, вклучително и во некои земји со мнозинско муслиманско население.
Специјалниот пратеник на ОН Гордон Браун во средата изјави дека Меѓународниот кривичен суд треба да ги гони талибанските водачи за злосторства против човештвото поради негирање образование и вработување на девојчиња и жени од Авганистан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Талибанците го напаѓаат Пакистан: Не ни…
Авганистанските талибанци започнаа бран артилериски напади врз…
Украина ќе почне да мобилизира жени?
Украинскиот парламент, Врховната Рада ги направи првите…
БОЛЕСТ! „Телеграф“: Мажи ќе земаат деветгодишни девојчиња…
Ирак се подготвува да ја намали законската…
Нетанјаху: Израел е способен да постигне каква…
Израел е способен да постигне каква било…
Генералниот секретар на ОН предупредува: Светот се…
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш,…