Жестоко – Трифонов: Северномакедонци, со омразата кон нас се палите себеси

t

Пожарот избувнал толку брзо што според пишувањата на медиумите во Северна Македонија, тој имал изгореници на рацете. Која е поуката, драги мои соседи од Северна Македонија? Поуката е дека со омразата кон нас се палите самите себеси“, напишал Трифонов на Фејсбук, притоа користејќи го зборот „Северномакедонци“ по втор пат.
Контроверзниот лидер на бугарската партија „Има таков Народ“, Слави Трифонов на Фејсбук го коментираше палењето на натписот „Ванчо Михајлов“ на клубот во Битола од страна на Ламбе Алабаковски велејќи дека „со омразата кон нас се палите самите себеси“.
Притоа, во изјавата Трифонов по втор пат Македонците ги нарече со името „Северномакедонци“. Трифонов го искористи зборот и во свое обраќање во предизборната кампања минатата година.

„Стана јасно кој е пироманот кој го запалил бугарскиот културен центар „Иван Михајлов“ во Битола. Станува збор за 34-годишен пејач по име Ламбе Алабаковски. Тој го признал делото. Во исто време, корисниците на социјалните мрежи во Северна Македонија почнаа да објавуваат фотографии со пораки: „И јас сум Ламбе Алабаковски! Beе ѕuіѕ Ламбе Алабаковски! Сите сме Ламбе, стоп за фашизмот“. Сега, од сета оваа гнасна историја, Северномакедонците, ако се паметни, сепак можат да извлечат сериозна лекција. Ќе ви кажам што е таа. Ламбе во раните утрински часови на 4 јуни отишол пред Бугарскиот културен центар „Иван Михајлов“, и предизвикал пожар. Пожарот избувнал толку брзо што според пишувањата на медиумите во Северна Македонија, тој имал изгореници на рацете. Која е поуката, драги мои соседи од Северна Македонија? Поуката е дека со омразата кон нас се палите самите себеси“, напишал Трифонов на Фејсбук

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…