„Животот е скап, трошоците големи, денарот не вреди во продавница“: Претседателот на ССМ бара зголемување на сите плати и пензии
Претседателот на ССМ, Дарко Димовски уште еднаш побара зголемување на минималната плата на 18.000 денари.
Исто така бараме и зголемување на сите плати, согласно колективните договори. Бараме и зголемување на пензиите, затоа што знаеме дека животот стана скап. Трошоците се големи, денарот не вреди во продавница, како што вредеше пред месец-два. Еден од нашите аргументи е енергетската криза. Исто така на ова барање се надоврзува и фактот што цените на основните производи остануваат замрзнати до 31 јануари. Што после тоа? Согласно порастот на цената на струјата, ќе се зголемат и останатите трошоци. Платата треба да биде 18.000, за да го амортизираме економскиот удар во претстојниот месец, вели Димовски во гостувањето на емисијата „24 анализа“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ работи на поткопување на синдикалната борба…
Левица апелира за обид на ВМРО-ДПМНЕ да…
(Видео) Сакате евтина работна сила за да…
Лесно е со 160.000 месечна плата да…
Ампева: СРАМ ДА ВИ Е на „синдикатите“…
Срам да им е на „синдикатите“ кои…
(Фото) 1 Мај: Некој протестира, некој чека…
Денес по повод 1 Мај, Денот на…
(Во живо) Работниците скандираат „лопови“ и „апаши“…
- Ова не се работодавачи, ова се…