Жителите на Кисела Вода за првпат ќе добијат нов модерен затворен пазар, соопшти Ѓорѓиевски
Општина Кисела Вода за прв пат ќе добие модерен затворен пазар. Како што информираат од оваа скопска Општина, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и Министерот за локална самоуправа Горан Милевски го потпишале Договорот за финансиско партнерство, преку кој, како што велат оттаму, наскоро ќе започне изградбата на современо здание на местото од некогашниот див пазар.
Според најавите, објектот кој ќе се протега на површина од 250,00m2, и на жителите на општина Кисела Вода ќе им обезбеди пристојно место за набавка на свежо овошје и зеленчук и простор кој како што велат од Општината, освен што ќе ги исполнува сите стандарди, ќе биде и квалитетно естетско решение за овој дел од Кисела Вода, каде во непосредна близина се лоцирани паркот „Македонија“ и Домот на култура „Билјана Беличанец“.
-Во постапка сме на распишување на тендерска постапка за изградба на модерен затворен пазар, прв од ваков тип на територија на општина Кисела Вода. Го градиме на местото каде функционираше див пазар со субстандардни услови, без водоводна и санитарна инфраструктура, кој го избегнуваа и жителите на општината и самите пазарџии кои бараа поквалитетен простор за пласман на своите производи. Инфраструктурно средениот пазар значи и подобри услови за консументите, а неговата современа надворешност ќе даде свој удел во креирањето на новиот модерен лик на Кисела Вода, кој е моја заложба и ветување пред граѓаните – истакна градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски.
Ѓорѓиевски меѓу другото најави и дека покрај овој пазар, затворен модерен пазар во периодот што следува ќе добие и Драчево
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Светлана Колариќ нов Претседател на Советот на…
Општина Кисела Вода доби нов Претседател на…
Одлична вест: Водата за пиење во Скопје…
Водата во Скопје е безбедна и микробиолошки…
Дел од населбата 11 Октомври без вода
Дел од корисниците од населбата 11 Октомври…
Хрватскиот министер за здравство по појавата на…
Откако едно лице претходно било хоспитализирано во…
Поради дефект без вода Драчево, Долно Лисиче,…
Регионалниот центар за управување со кризи на…