Објавено на:

Жителите на Лисиче повторно на протест: ДУП-от е СМРТ ЗА ЛИСИЧЕ!

t

Жителите на населбата Лисиче денеска на протест повторно побараа поништување на ДУП=от за населбата Лисиче со која се предвидува изградба на неколку згради, меѓу кои има и висококатници.

Лисиче важи за населба сос емејни куќи, таму нема згради, а жителите бараат така и да остане и да се спречи бетонизацијата на Лисиче.

Во продолжение фотографии од протестот на лисичани:

Претходно советникот на Левица во Аеродром, Горан Костовски, во Тешки муабети на Инфомакс рече дека според неофицијалните информации на Левица, населбата ќе се бетонизира со околу 30 згради, но засега, во јавноста се актуелни девет од нив и тоа на локација дијагонално од крстот во Лисиче.

Редакцијата на Инфомакс пак, во емисијата МРЕЖА, објасни како парцелите каде треба да се градат неколку згради согласно предлог ДУП-от, се купени од страна на “Голден Арт”, Роберт Јакимовски и Ивица Јаќимовски кои парцелите ги купиле како земјоделско земјиште, а непосредно потоа со предлог ДУП-от таму се вцртуваат маркички за згради.

Јакимовски и Јаќимовски таму купуваат пет парцели, што може да се провери во Агенцијата за катастар на недвижности, каде на имотниот лист со број 57975 се набројуваат парцелите 2001/3, 2001/4, 2001/5, 2001/6 и 2001/7.

Овие парцели се со вкупна површина од 1.181 метар квадратен, а во околината има и парцели во сопственост на други физички лица и парцели во сопственост на Република Македонија. На дел од овие парцели погоре споменатите можат да добијат право на користење преку таканареченото дооформување.

Членот 17 од Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште предвидува дека градежното земјиште се приватизира од државна сопственост на корисниците на градежното земјиште при што за приватизацијата не се плаќа надомест доколку, меѓу другите услови, земјиштето е стекнато со надомест за дооформување на градежното земјиште. Надоместот се плаќа за дооформување на градежното земјиште, што би значело надомест од некоја минимална сума, во споредба со купување на парцелата.

Од Левица обвинуваат дека градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски, сака на сила да го протурка овој ДУП, поради тоа што задолжителната јавна анкета која треба да се спроведе пред донесување на ДУП-от била практично сокриена од јавноста. Анкетата можела да се пополни само во училиштето “Димитар Македонски”, а пополнети се околу 150 анкети.

Општината Аеродром пак, под притисок на јавноста, пред неколку денови излезе со соопштение дека ваквиот ДУП за Лисиче ќе се ревидира и ќе се изготви нов поправен ДУП.

Од “Да го зачуваме Лисиче” сметаат дека ова е само манипулација за жителите на Лисиче да се оттргнат од идејата за протести.

Во продолжение емисијата МРЕЖА со детали за ДУП-от за Лисиче кој треба да биде ревидиран.

ЛИНК од емисијата

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жители на Аеродром контра ЕВН: 19 часа…

Делови од Аеродром се уште немаат електрична…

(Фото+видео) Жителите на Ѓорче бараат суспензија на…

Граѓаните на Ѓорче Петров имаат сериозен проблем…

ДПМНЕ шверцерски носи план за зграда од…

Ќе речеш големи домаќини, а тие да…

(Видео) Крмов на протест со пензионерите –…

Денес пред Собранието на Република Македонија повторно…

(Видео) Здружението „Лесја Украинка“ изразува протест за…

Здружение на Украинци во Република Македонија „Лесја…