Жители на Серава немаат струја и ја блокираа „Пластичарска“, од ЕВН велат: Вработените трпат закани, наголемо се краде
Жители на населбата Серава во Чаир веќе два дена се без струја поради дефект, за кој велат дека ЕВН не го санира. Тие денес излегоа и ја блокираа „Пластичарска“ во шпицот, барајќи да добијат струја, објави телевизијата „21“.
Стотиците граѓани кои ја блокираа улицата велат дека немаат намера да отстапат додека дефектот не се санира. Тие дури обвинија дека дефектот е намерно оставен несаниран, за тие да биле без струја во студените ноќи и пред празниците.
„Луѓе парализирани, има деца што се тресат цела ноќ, со кислородни маски кои се активираат со струја, мора да преживеат некако! Колку домови има приближно? Околу 300 во населбите Серава, Гази Баба, Пластичарска. Тие плаќаат по 1.200 евра, а братот каде е, овој човек плаќа 1.200 евра струја“, вели еден од демонстрантите за ТВ „21“.
Од ЕВН велат дека дефектот во населбата Серава постои од неделата и оти не се знае кога ќе се санира.
„Подолг период жителите на улиците „Исмаил Кадаре“ и „Кумбара“ го попречуваат проектот за реконструкција на мрежата и преместување на мерачите. Кон екипите на компанијата постојано се упатуваат вербални закани, што целосно го оневозможува функционирањето“, велат од ЕВН Хоум.
Од компанијата велат дека сè додека екипите немаат пристап за реализација на проектот за реконструкција на нисконапонската мрежа, ќе биде невозможно да се санираат дефектите, кои според нив ќе продолжат да се појавуваат како последица на пренатрупаност од диви приклучоци. Според ЕВН, во овој регион, загубите на струја надминуваат 70%, додека наплатата е само 60% од потрошувачката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тројца загинати по експлозија во Москва
Три лица загинаа во експлозија што се…
Владата на Црна Гора ги укина визите…
Владата на Црна Гора објави дека ги…
Вучиќ: Во регионот се вооружуваат, формираат сојузи,…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави…
Нов дефокус, сега Бугарите се криви за…
„Ги слушаме претставниците на ВМРО Ванчовистичка во…
Шекеринска: Недостатокот на политичка волја во Белград…
Ги охрабруваме институциите во Косово да покажат…