Жител на Крива Паланка преместил сообраќаен знак и фрлал со камења кон возилата што застанувале
31-годишен кривопаланчанец доби кривична пријава откако извадил сообраќаен знак од улица во градот и го преместил на крстосница од магистралниот пат кој води кон граничниот премин Деве Баир кон Бугарија, соопшти МВР. Потоа, според полицијата, тој запирал возила на местото со помош на знакот и ги гаѓал со камења, а кога полицајците дошле да го апсат, давал отпор, однесувајќи се агресивно кон нив.
„СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.С.(31) од Крива Паланка, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста и сообраќајот”. Пријавениот на 08.05.2023 кај место викано „Осички Мост” на ул. „Св. Јоаким Осоговски” во Крива Паланка, од улица отстранил сообраќаен знак со што ја загрозил безбедноста на сообраќајот, а потоа, употребувајќи го сообраќајниот знак, на раскрсница на магистрален пат од Крива Паланка кон Деве Баир, на место викано „Осички Мост”, запирал возила и фрлал со тврди предмети кон нив“, пишува во полициското соопштение.
Од полицијата додаваат дека и воедно, пријавениот со агресивно однесување и закани попречувал службени лица при вршење на службени дејства.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дневен хороскоп: Еден знак ќе се најде…
Овен Вашата деловна страна овојпат може да…
Кривата кула во Италија се соочува со…
Една од „кулите близначки“ на Болоња од…