Жител на село Агларци загина во сообраќајна несреќа, неговите малолетни деца се тешко повредни 

t

Жител на пелагониското село Долно Агларци загина во сообраќајна несреќа на патот Битола-Новаци, во правец на РЕК „Битола“ а неговите две малолетни деца се тешко повредни. Во несреќата учествувале уште неколку возила од Битола, Ресен и возило со албански регистарски таблички. Неофицијално причина за тешката сообраќајка е густата магла која вчера ја налегна Пелагонија.

Според официјални информации од СВР Битола несреќата се случила пред 19 часот на регионалниот пат Битола – Маково помеѓу патничко возило марка „сеат”со битолски регистарски ознаки управуван од С.Н. (41) од с. Долно Агларци, Општина Новаци и сопатници во возилото, неговата сопруга М.С.Н. (36) и двете деца на возраст од 6 и 10 години. Во несреќата учестуваат и патничко возило марка „бмв” со ресенски регистарски ознаки управуван од Ј.В. (29) од Ресен и двајца сопатници од Ресен, патничко возило марка „рено”со битолски регистарски ознаки управуван од Ј.О. (48) од Битола и товарно возило марка „даф” со прикачена полуприколка со албански регистарски ознаки управуван од В.К. (38) од Албанија.

„Во несреќата од здобиените повреди возачот С.Н. (41) починал, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, додека со тешки телесни повреди се здобиле децата на возраст од 6 и 10 години, уште три лица се се здобиле со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола“, изјави Сања Стаматова портпарол на СВР Битола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…

Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…

Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од…

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ги повика…

Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и…

Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за…

(Видео) Фирма на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од…

Лиценца за испитен центар се издава за…

Власта бесрамно се фали со донациите на…

Левица ја оценува како крајно дрска и…