Житото од Украина направи голем проблем во ЕУ
Сегашната цена на големопродажниот пазар во САД е околу 7 долари за бушел, односно 260 долари (250 евра) за тон. Во првите месеци од војната во Украина таа беше од 11 до 12 долари за бушел, односно повеќе од 400 долари за тон.
Оттогаш, цената континуирано паѓа и моментално е на ниво од август 2021 година. Иста е состојбата и на европскиот пазар на големо. Во моментов цените се движат меѓу 250 и 260 евра за тон, на почетокот на годината беа околу 300 евра за тон, а во втората половина од минатата година меѓу 330 и 350 евра.
Договорот треба да овозможи извоз на украинско жито од складишта по блокадата на пристаништата на Црното Море и да го олесни извозот на руски жита и вештачки ѓубрива.
Ваквото движење на цените совршено се совпаѓа со движењето на цените во остатокот од светот, како на пример во САД, бидејќи пченицата е релативно хомогено добро со кое масовно се тргува низ целиот свет, така што разликите во цените се минимални.
Податоците за глобалните трендови на цените сугерираат дека земјоделците во Полска, Унгарија, Словачка, Романија и Бугарија едноставно го поврзуваат глобалниот пад на цените со увозот од Украина, само поради тоа што двете работи се се случуваат во исто време и се поклопуваат едноставно затоа што двата настани.
Можно е земјоделците погрешно да ги поврзале причините и последиците, особено затоа што пченицата од Украина никогаш не се увзувала во значителни количини во ЕУ, бидејќи се смета дека е неквалитетна (како и руската пченица). Нејзи9ната дестинацијата секогаш биле во Африка или Азија.
Сепак, беше постигнат договор
Сепак, Украина и Полска се договорија за транспорт на украинско жито, под одредени услови. Товарот ќе биде запечатен, чуван и надгледуван за да се осигура дека производите ќе престанат да го преплавуваат полскиот пазар и да предизвикуваат ценовен хаос. Дури ќе се користат и уреди за следење, а конвоите ќе бидат специјално обезбедени.
Полскиот министер за земјоделство Роберт Телус на прес-конференција рече дека Варшава и Киев „разработиле механизми што значат дека во Полска нема да остане ниту еден тон (украинско) жито, и сè ќе оди во транзит“.
Според него, целта на привремената забрана била делумно да се сврти вниманието на ЕУ на проблемот. Иако Полска ја поддржува идејата за солидарни рути, ЕУ не направи ништо за да го олесни транспортот и да спречи презаситеност, додаде полскиот министер за земјоделство.
Не се знае дали дозволата ќе важи и за други земјоделски производи и дали сличен договор ќе се постигне со Унгарија, Словачка, Романија и Бугарија кои имаат сличен проблем.
Проблемот дефинитивно постои и е комбинација од повеќе фактори. Истовремениот пад на цените на храната на светскиот пазар и транзитот од Украина може да создаде лажна перцепција дека за целиот пад на цените е виновен увозот од Украина, некои компании секако ја искористуваат ситуацијата со нефер пазарни практики, а капацитетите, транспортот, логистиката и другата инфраструктура не се доволно големи за да „апсорбираат“ ненадеен шок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп побара „безусловна капитулација“ од Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп побара „безусловна капитулација“…
Израел нема да прекине додека не го…
Израелската операција против Иран „нема да заврши…
Израел со 60 авиони го нападна Иран
Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни…
Израелски тенк пукал во толпа и убил…
Израелски тенкови денеска отвориле оган врз толпата…
Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…
Повеќе од шест месеци – уште од…