Жито мало сутра: Прво да се тргнат санкциите за Русија, после ќе се ослободи храната

Западните санкции против Москва мора да бидат укинати пред руското жито да биде испорачано на меѓународните пазари, соопшти Кремљ.
„Претседателот Путин рече дека директните и индиректните санкции против Русија мора да бидат укинати“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков за новинарите.
Тој рече дека санкциите, кои Западот ги воведе како одговор на руската инвазија на Украина, влијаат на осигурувањето на бродовите, плаќањата и пристапот до европските пристаништа.
Песков додаде дека „не се водат суштински разговори“ за нивно укинување.
Украина и Русија заедно сочинуваат речиси една третина од глобалните резерви на пченица, додека Русија е исто така клучен извозник на ѓубрива, а Украина главен снабдувач на пченка и сончогледово масло.
Украинскиот извоз на жито е запрен поради руската блокада на нејзините пристаништа на Црното Море, но Москва за ситуацијата го обвинува неуспехот на Украина да ги исчисти мините од пристаништата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…
Белата куќа соопшти дека САД и Русија…
Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…
Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…
Путин бара од Украинците да земат руско…
Рускиот претседател Владимир Путин почна да врши…
Вулин: Руските разузнавачки служби ни помогнаа против…
Српскиот вицепремиер Александар Вулин рече дека руските…
Трамп: Многу скоро целосно примирје, а потоа…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува…