Жртва на оваа оркестрирана деструктивност се граѓаните: Од ГРОМ се згрозени од дејствувањето на синдикатот на ЈСП како месен комитет на партија
Да се отпочне штрајк за само три дена доцнење на плата во јавното сообраќајно претпријатие е политички мотивиран случај со цел да се дискредитира градоначалничката на градот Скопје не водејќи никаква сметка за интересите на граѓаните.
За жал раководството на овој синдикат одлучи да и служи на една партија која во своето делување се колне во името на граѓаните, а во пракса прв пат после земјотресот 1963 година скопјани ги остава без автобуски превоз.
Ова е само доказ дека синдикатот на ЈСП е продолжена рака на политичката партија чие основно начело е опструкција, создавање тензии и немајќи што да им понуди на граѓаните на Скопје прибегна кон гол егзибиционизам. Жално е што синдикатот на ЈСП се претвори во „дворски шут“ на ретроградните политички сили кои тежнеат кон натамошно зголемување на тензиите во општеството во услови на економска, социјална и енергетска криза.
Овој синдикат докажа дека не ги застапува интересите на вработените во ЈСП туку дејствува како месен комитет на политичките сили во оваа држава кој не знаат на каде тераат.
Ова е само предвесник дека опструкциите и поттикнувањето на безредие и хаос нема да запрат овде и ќе се обидат да ги прелеат во останатите јавни претпријатија во градот. На оваа оркестрирана деструктивност на жртви ќе бидат само граѓаните на Скопје.
Граѓанската опција за Македонија-ГРОМ ги повикува надлежните државни институции да преземат законски санкции против креаторите на овој политички маскенбал а вработените во ЈСП и да изнајдат сили и да изберат синдикално раководство кое вистински ќе ги застапува нивните интереси.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Судот одреди парична казна од 10 илјади…
Судот во Струга го прогласи за виновен…
Вредноста на синдикалната минимална кошница за два…
Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во…
Ова не е Израел, ниту Иран, ова…
Општинската организација на СДСМ во Конче реагира…
ОЈО потврди: Уапсено е лицето од Народна…
Уапсен вработениот во Народна Банка за кого…
Тројца лишени од слобода за разбојништво во…
На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…