“Жути” стави крај на играчката кариера: Следен предизвик е тренерската
Поранешниот македонски репрезентативец Филип Миркуловски денеска го одигра последниот натпревар во богатата кариера и ги следи стапките на долгогодишниот соиграч во националниот тим, Кирил Лазаров, кој вчера ја заврши кариерата.
Миркуловски кариерата ја започна во екипата на Македонија по што се сели во Металург каде ги имаше најдобрите моменти во кариерата. Цели 12 години настапуваше за тимот од Автокоманда со кого два пати играше и во четвртфиналето во Лигата на шампионите. Потоа во 2015 година, една полусезона помина во Хановер по што се пресели во Вецлар каде и ја завршува блескавата кариера.
Следен предизвик за Миркуловски ќе биде тренерската кариера, тој веќе е дел од стручниот штаб на селекторот Кирил Лазаров во македонската репрезентација, а ќе биде и асистент тренер во Вецлар.