Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на повеќе патни правци

Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на патниот правец Тетово – Попова Шапка. Патниот правец од Крива Паланка кон ГП Голема Црцорија – Голеш“ на околу 600 метри пред преминот, односно од селските гробишта во с. Голема Црцорија, не е прооден од снежни наноси и навеви од снег, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Забрана за сообраќај за тешки товарни возила…
Од денес, од 14:30 часот, се воведува…
Забрана за камиони воведена и на патниот…
Од 10.40 часот се воведува забрана за…
Забрана за сообраќај на тешки товарни возила…
Забрана за сообраќај на тешки товарни возила…
Забрана за тешки товарни возила на неколку…
Сообраќајот на државните патишта се одвива по…
Забрана за движење на тешки товарни возила…
Превентивно, поради врнежи од снег, е воведена…