Забрането е да се плаче на македонски!?

t

Забрането е да се плаче на македонски!?

Господине амбасадоре, Јордан Плевнеш, вие ја македонизиравте Франција
Претседателот на францускиот сенат

Пред точно 96 години, денешниот ден, 26 јули, беше последниот ден на Мисирков – балканскиот лингвистички Моцарт(Ј.Плевнеш). И веднаш ми навират мислите за трагичноста на нашата македонска историја, за славната судбина на нејзините трагични протагонисти, но и за неделата на одродените и инострани антагонисти. Тоа се нашите светли ѕвезди на македонските историски трагедии и нашите бели книги и црни дупки на националната трагедија. Се фаќам за книга и ги препрочитувам Крсте Петков Мисирков, Јордан Плевнеш и Блаже Миневски(плоден автор кој секојдневно пишува за нашите дејци од минатото и за денешните актуелни македонски состојби). Сакам да потсетам дека Мисирков е наш историски светилник, наш великан кој изврши коперникански пресврт во македонските работи.

Најпрвин ја прелистувам “За македонцките работи“, потоа и уште 3-4 есеи на Мисирков за македонскиот јазик, македонската нација, поточно за македонските состојби. Кога добро ќе размислам јас всушност ја читам националната програма содржана во сушественото поле на македонскиот дух на мапата на Балканскиот Полуостров, најконкретно на историските, географските и етничките граници на Македонија. Еден македонски учен би рекол тој македонски дух кој е како и сонцето кое никогаш не може да биде поделено. Балаканските политички хиени и натрапниците и недобронамерниците од европските центри ја поделија и разграбаа македонската територија, ама духот си остана еден и цел – македонски за секогаш.

Тука веќе зборуваме за македонската тројанска судбина. На таа тема, меѓудругото Мисирков рекол дека причините за неуспехот на македонската револуција биле само македонски. Богами не згрешил. Тоа е непобитен факт. Се залажуваме ако мислиме дека ни се криви другите(лакомите соседи, светските сили). Тоа убаво го воочува и Јордан Плевнеш кој во својата епска драма “Последниот ден на Мисирков“, во дијалогот помеѓиу Петар Поп Арсов и Мисирков, прашува. Каде е Делчев, каде се Груев, Карев, Сарафов, Ѓорче Петров, Сандански и другите македонски дејци. Одговорот е дека убиен е и едниот, и другиот, и третиот…. убиени се сите до еден, и дека ако од сето тоа новите поколенија не извлечат никаква поука Македонците да се обединат, ние неизбежно ќе дојдем до една досега ни видена ни чуена историска перспектива во Европа – да има Македонија, а да нема Македонци. Прашувам: Што е ова? Визија на проникливиот Плевнеш? Видовитост на еден драматург и прозаист? Или пак несакано пророштво? Би рекол и едното и другото и третото, запишано пред точно 20 години. Тоа е Мацедонише цуштернде(македонски состојби). Состојба во која не се знае кој кого убива и во чие име.

И сега, дали ја гледаме пред нас трагичната македонска судбина?
Мисирков беше лингвист на еден јазик без држава. Го мачеше мислата и не му даваше мир и спокојство чувството дека неговиот македонски јазик е забранет во трите дела на Македонија, Вардарска, Егејска и Пиринска. Таа забрана продолжува и по Големата војна и меѓу двете светски војни, со голем број на мистериозни политички убиства. Затоа и Плевнеш во својата драма забележува дека Мисирков судбоносно ги покрива сите делови на Македонија по нејзината делба: Роден е во делот што и припадна во Грција(Егејска Македонија), умира во Бугарија(Пиринска Македонија), а неговата дејност беше пред се сврзана со македонските градови Битола и Скопје, кои се во Вардарска Македонија, тогаш под Кралството Југославија:
А што имаме денес после толку години?

Денес во времето на обединета Европа(ЕУ), денес во времето на толку фалените демократии, како да сеуше е актуела синтагмата “седум остри сабји го сечат мојот јазик“, што е метафора за балканските антимакедонски пропаганди кои веќе повеќе од 170 години го негираат македонскиот јазилчен идентитет. Гледаме како Бугарија се претвора во глотофагус(јадач на јазици), а ЕУ тоа го аминува преку таканаречениот “Француски предлог“. Во стилот на средновековна инквизиција, советски ен-ка-ве-де агитпроп и американски макартиевски прогон на вештерки, македонската недоветна власт охрабрена и со римоут контрол диригирана од бугарскиот естаблишмент воведува цензура на мислата, изречениот и напишаниот збор. Срамно, јадно и бедно.
Во стил на Мисирков и Плевнеш прашувам: Дали ќе ни збранат и да плачиме на македонски?

Сепак, не е се така безнадежно. Има надеж како и секогаш низ вековите до денес. Првин беше Преродбата, потоа Револуционерното дело, па Државноста. Знаете, тоа се нишките на Македонизмот, на Словено-македонската дружина на Ѓорги Пулевски, на Младата македонска книжевна дружина од 1891г. на Коста Шахов, “Лоза“ и лозарите, на Македонското научно литературно другарство од 1902г. од Петроград, на Мисирковштината, на Македонскиот литературен кружок од 1938г. во Софија, на Коста Солев Рацин, и на Блаже Конески. Есенцијата на бескрајната македонска приказна. Во наше време, со збор и непокор, најпрвин ја започнаа Анте Поповски, Гане Тодоровски, Блаже Ристовски, Раде Силјан и други нивни истомисленици. Сите заедно со збор и непокор македонствуваа.

Денес највпечатлив израз на тоја македонствување е Јорданплевнешвизмот, кој преку сите негови драми, преку романот “Осмото светски чудо“ и преку есејот “Македонскиот јазик во глобалниот свет“ не учи дека само БЕСКРАЈОТ И МАКЕДОНИЈА ГРАНИЧАТ САМИТЕ СО СЕБЕ.

Сотир Костов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жалбата на пратеничката Мојсоска уважена: Собранието ќе…

Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, на својот…

Москва тврди: Западот подготвува провокација против американски…

Руската Служба за надворешно разузнавање (СВР) обвини…

Арсовска го фати жив Ѓорѓиевски: На УСЈЕ…

Добро утро Орце Ѓорѓиевски. Незгодно ми е…

Брутален руски напад на Киев – најмалку…

Најмалку 15 лица се убиени, а 114…

(Фото) Закани кон родителите од Кочани: Не…

Продолжува голготата за родителите на починатите деца…