Забранет влез во Албанија на познат верски проповедник, осомничен за терористички акти
Исламскиот проповедник Имран Хосеин, кој се смета за опасен по безбедноста на Албанија поради терористички акти, попладнево е задржано на меѓународниот аеродром во Тирана.
Хосеин тргнал од Тринидат и Тобаго, Јужна Америка кон Албанија поради религиозна агенда, но безбедносните власти имале информации против него поврзани со терористички акти и поради оваа причина граничната полиција не му дозволила влез во Албанија, објави „Топ чанел“.
Тој е задржан во посебна просторија на аеродромот додека не се финализира неговото враќање од местото од каде што тргнал.
Хосеин е исламски научник и проповедник од Тринидад и Тобаго, познат по своите коментари за исламската есхатологија (знаци за крајот на светот) и современите светски прашања. Тој е автор и меѓународен предавач за исламска економија, глобална политика и толкување на современите настани во контекст на Куранот.
За него Израел не е само политичка држава, туку дел од историски и пророчки процес што е поврзан со крајот на светот во исламската терминологија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Забранет влез во Албанија на познат верски…
Исламскиот проповедник Имран Хосеин, кој се смета…
(Видео) Салиу до премиерот: До бро е…
Наместо да им држи лекции на партнерите…
И Никола Груевски од Будимпешта го честиташе…
Честит 23 Октомври, денот на македонската револуционерна…
Путин најавува силен одговор ако се случи…
Рускиот претседател, Владимир Путин, упати остро предупредување…
Mојсоска до Мицкоски: И сега, кој му…
Мицкоски во интервју тврдеше дека "колегијално" било…