Забрзано се гради првиот МЕГА ПАРК во државата – Арсовска во увид на градежните работи!
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денес изврши увид во градежните работи во Мега Паркот, Даме Груев во општина Ѓорче Петров.
ЈП „Улици и патишта“ на терен веќе работи на инфраструктурното уредување на паркот кое се одвива со одлична динамика, додека Јавнoто претпријатије „Паркови и зеленило“ ја изведуваат првата фаза од овој нов мега парк, односно се изведува подготвително рамнење на површината, прекопување и целосно обележување согласно со проектот за парковската површина.

Во оваа фаза се врши трасирање на пешачките и велосипедските патеки и просторот за останатите содржини, а се поставуваат и потребните подземни инсталации.
Изведбата на градежните активности се одвива соогласно однапред определените временски рокови.
Соогласно проектот работните активности и хортикултурното уредување на мега паркот предвидува четири фази на изведба. Паркот е предвидено да биде составен од три дела со вкупна површина од над 30.000 квадратни метри. Во паркот е предвидено да бидат засадени над 2.200 дрвја. Паркот се гради на локација на која беше исчистена огромна дива депонија од над 50.000 квадратни метри.

Oва е првиот од петте мега паркови кои ќе се градат на територија на Град Скопје, а се дел од програмата „За модерно Скопје“ на градоначалничката Данела Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија привремено го повлекува целиот персонал од…
Велика Британија соопшти дека привремено го повлекува…
Босна и Херцеговина привремено ги затвора амбасадите…
Заедничките институции на БиХ започнаа подготовки за…
Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…
Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…
Рокас без предвидување за извештајот на ЕП:…
Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека не може…
Просечната нето плата во април 45.452 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…