Забрчанец за денешните протести: Вергините, маските и русјаците ни ја палат државата
„Вергините, маскираните и русјаците ни ја палат државата“, напиша вечерва на Фејсбук владиниот национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи, Марјан Забрчанец, реагирајќи на вечерашните инциденти на протестот против францускиот предлог пред Собранието.
„Не, тоа не се граѓански протести, тоа се насилства кои имаат една цел: Македонците да страдаат и да не одат напред со европскиот современ свет. Демократи, спротиставете се, одбијте ги овие црни анти-македонски сценарија. Оваа власт покажала и докажала дека демократскиот глас е исклучително важен и дека македонските идентитетски црвени линии никогаш не се и нема да бидат предмет на преговори“, напиша Забрчанец.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Апелација го ослободи Марјан „Доказ“ за обвинението…
Апелациониот суд го ослободил Марјан Стаменковски од…
Постоела тajна комуникација помеѓу Боки и Забрчанец?…
Имало ли тајна комуникација меѓу Бојан Јовановски,…