Забрчанец сменет од пи-ар на Владата

t

Ана Андреева од денеска ќе биде одговорна за комуникациите и односите со јавност во Владата, на позицијата Секретар за комуникации и јавни политики во рамки на Канцеларијата на премиерот.

Андреева ја презема оваа функција од досегашниот Национален координатор за стратегиски комуникации во Владата, Марјан Забрчанец, кој ги водеше владините комуникации во периодот од август 2017 до денес.

За Ана Андреева од Владата велат дека има долгогодишно професионално искуство на извршни менаџерски позиции во сферата на комуникациите во маркетинг агенциите и во граѓанскиот сектор.

Забрчанец сепак останува во Владата и ќе работи на менаџирање процеси и проекти посветени на унапредување на регионалната соработка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трудо: Канада нема да стане дел од…

Канадскиот премиер во заминување Џастин Трудо ја…

Собранието почнува со работа во петок, на…

Законодавниот дом од петок повторно ќе работи,…

Студентите од Нови Сад на блокада дури…

Студентите на Филозофскиот факултет во Нови Сад…

Трамп се надева дека „ќе ја заврши…

Доналд Трамп сочувствува со руската позиција дека…

Артан Груби ќе остане без работа на…

Тетовскиот Универзитет почнал постапка за разрешување на…