Заварени шахтите на Партизанска: Чија безбедност штити МВР?
Екипите на „Водовод и канализација“ ги заварија сите шахти на тротоарите и на коловозот по должина на булеварот Партизански одреди. Сега, доколку има некој дефект или невреме од поголеми размери, шахтите ќе треба да се кршат.
Вообичаено ова се прави за зголемување на безбедноста на улицата.
На прашањето до јавното претпријатие „Водовод и канализација“ по чиј налог ги извршиле овие активности, одговараат дека тоа е направено по наредба на МВР.
Шахтите се заваруваат по наредба на МВР и тоа е така со години, велат од „Водовод и канализација“.
Од Министерството, иако побаравме објаснување, засега не одговараат на прашањата поради кои причини побарале да се заварат шахтите по тротоарите и коловозот на Партизанска, дали сметаат дека улицата е небезбедна и за кого процениле дека е небезбедна. Се надеваме дека сепак ќе дадат некакво објаснување затоа што граѓаните имаат право да знаат чија безбедност се штити со ваквиот потег.
Последен според безбедносен протокол шахтите беа заварени во 2019 година кога во посета на државата дојде Папата Франциск и тоа беше спроведено само на градскиот плоштад.
Извор: Слободен Печат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заварени шахтите на Партизанска: Чија безбедност штити…
Екипите на „Водовод и канализација“ ги заварија…
До крајот на неделава променливо време со…
Во четврток на повеќе места ќе биде…
(Фото) Еве како денес изгледа пожарот на…
Македонија и денес се буди со чад…
(Видео) На Бране му текна: СДСМ е…
Од вчерашното гласање на СДС во Собранието,…
Поднесено обвинение за тешка сообраќајна несреќа во…
По целосно спроведена истражна постапка и обезбедени…