“Зависна” Македонија: Нашата држава најзависна од увоз на струја на Балканот

t

Македонија увезува дури една третина од струјата и е најзависна земја од увоз во регионот. Над 90 отсто од струјата во Косово е од јаглен, а целата струја во Албанија е од обновливи извори. Црна Гора произведува најмногу струја од ветер. Босна и Херцеговина е единствена која има и за извоз, се вели во анализата на Радио Слободна Европа.

Ситуацијата со производството на струја во Македонија е црна, и буквално и фигуративно. Од една страна не се произведува доволно, па земјава купува од странство по многу високи цени, а од друга страна, најголем дел од струјата што се произведува е од јаглен, кој ја загадува животната средина.

Македонија увезува дури една третина од струјата што ја троши

Со производство на струја не може да се пофали ниту Косово. И кај нив не се произведува доволно, а и таа што ја произведуваат е од јаглен, во термоцентрали кои се големи загадувачи.

Србија, Албанија и Црна Гора се скоро на нула. Произведуваат колку што трошат.

Босна и Херцеговина е единствена земја во регионот која има и за извоз.

Целата струја што ја произведува Албанија е од обновливи извори на енергија, во најголем дел од хидроцентрали.

Над 90 отсто од струјата во Косово се произведува од јаглен.

Црна Гора е апсолутен лидер во регионот во призводство на струја од ветер. Скоро 9 отсто од струјата им е произведена во ветерни централи.

Сите земји извезуваат кога имаат вишоци, и увезуваат кога им треба, но Македонија е најголем нето увозник на струја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…

Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…

Рекорден пад на вработените во текстилниот сектор…

Текстилниот сектор во Македонија се соочува со…

(Видео) Oдбраната на Мицевска со која обезбеди…

Голманката на македонската репрезентација Јована Мицевска беше една од…

Државата денеска се задолжува со уште 89…

За денеска се закажани две аукции на…

Меџити пред првиот меѓувладин состанок со Владата на…

Два дена пред меѓувладината средба помеѓу Македонија…