Завојуваните страни во Судан ќе преговараат во Саудиска Арабија
Владите на САД и Саудиска Арабија потврдија дека денеска во градот Џеда на Црвеното море ќе започнат директни разговори меѓу претставниците на завојуваните страни. Вашингтон и Ријад го водат посредувањето меѓу конфликтните страни во Судан.
Се очекува овој викенд во Саудиска Арабија да престојува и Џејк Саливан, советникот за национална безбедност на американскиот претседател Џо Бајден.
„Кралството Саудиска Арабија и САД ги повикуваат двете страни да ги земат предвид интересите на суданската нација и нејзиниот народ и активно да се вклучат во преговорите за прекин на огнот и крај на конфликтот“, се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сијарто: Итни преговори за мир во Украина!
Мировните преговори за Украина треба да започнат…
Путин: Подготвен сум да преговарам со Украина
Претседателот Владимир Путин вели дека Русија ќе…
“Тајмс”: Западот мора да поддржи мировни преговори…
Конфликтот во Украина не може да продолжи…
Макрон: Украина да не се радува премногу…
Францускиот претседател рече дека за време на…
Лавров: Колку повеќе војувате, толку потешки се…
Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј…