Заврши мајскиот Собор на СПЦ: Се уште молк за можната автокефалност на МПЦ

t

Српската православна црква го заврши мајскиот Собор, но во официјалното соопштение нема дополнителни информации дали е донесена одлука со која СПЦ ќе ја претстави МПЦ-ОА пред Вселенската патријаршија за автокефалност, јавува порталот Религија.мк. Единствената реченица во официјалното соопштение каде што се споменува МПЦ-ОА гласи:

„Следниот благодатен и благословен настан на Соборот беше заедничкото сосолужување на соборната света литургија во храмот на свети Сава на Врачар по воспоставувањето на евхаристичкото општење и канонското единство помеѓу Српската православна црква и Македонската православна црква, како таа се нарекуваше по прекинот на општењето од 1967 година. Литургијата ја служеше патријархот српски г. Порфириј во сослужение на архиепископот охридски и македонски г. Стефан заедно со голем број архиереи, свештеници и ѓакони“.

Делегација на СПЦ предводена од патријархот Порфириј денеска треба да пристигне во Скопје, а утре тој заедно со архиепископот Стефан треба да сослужува на заедничка литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Календар на МПЦ: Утре се празнуваат овие…

Според календарот на МПЦ, утре се празнуваат:…

И СПЦ во градежништво, гради и продава…

Српската православна црква е инвеститор во станбено-деловен…

СПЦ: Утре наутро молитви во Хиландар за…

Хиландарскиот игумен Методиј со монасите ќе се…

Според Календарот на МПЦ утре се празнуваат…

Соборот на Руските новомаченици и исповедници се…

Денеска се празнува Преподобен Григориј Декаполит

Роден е во Декапол Исавриски, од Сергиј…