Објавено на:

Заврши првото полуфинале на Евровизија: Две балкански земји се пласираа во финалето

t

Под мотото „Обединети од музиката“, вечерва започна 67. издание на Изборот на песна за Евровизија, а Велика Британија како земја домаќин ѝ приреди одлично шоу на публиката во арената во Ливерпул, но и на милионската публика ширум Европа.

Имено, вечерва се одржa првото полуфинале на музичкиот фестивал, а 15 земји учеснички се натпреваруваа за да го обезбедат своето место во големото финале. За жал, само 10 од нив ќе ги видиме повторно во саботната вечер.

Вечерашните финалисти се: Хрватска, Молдавија, Швајцарија, Финска, Чешка, Израел, Португалија, Шведска, Србија и Норвешка.

Според обложувалниците, најголем фаворит за победа на годинашното издание на Евровизија е Шведска, која ја претставува пејачката Лорен со песната „Tattoo“. Како потсетување таа ѝ ја донесе победата на својата земја и во 2012 година, со песната „Euphoria“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Победникот на вечерашното европско првенство ќе добие…

Шпанската фудбалска репрезентација вечерва има можност да…

Ѓоковиќ во финале на Вимблдон

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ…

Топката со која ќе се играат полуфиналето…

Во вторник од 21.00 часот ќе се…

Захарова: Евровизија 2024 ја надмина секоја оргија…

Овогодинешниот избор за песна на Евровизија „ја…

Швајцарија победи на Евровизија 2024, Немо ја…

Заврши финалето на 68. Избор за песна на…