Објавено на:

Заврши тирлатералната средба меѓу Вучиќ, Курти, Борел и Лајчак во Охрид: Се очекуваат обраќањата на лидерите

t

Трилатерална средба меѓу претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти, со европските посредници, шефот на дипломатијата на ЕУ Жозеп Борел и претставникот на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, заврши по нешто повеќе од еден час во Охрид.

Се очекуваат обраќања на Вучиќ, Курти и Борел. Шест и пол часа траеја одделните разговори, а потоа и трилатералната средба во Охрид.

Конечен договор и потпишување на договор во Охрид нема да има, се премостуваат разлики, изјавија лидерите претходно.

Агенцијата Франс прес (АФП) пишува дека во документот од 11 точки пишува дека ниту една страна нема да прибегне кон насилство за да го реши спорот, ниту ќе се обиде да ја спречи другата да се приклучи на Европската Унија или во други меѓународни тела, што е клучно барање од Косово.

Пред самитот во Охрид Вучиќ пркосно изјави: „Не планирам да потпишам ништо. Состанокот „нема да биде историски или револуционерен“.

На почетокот на неделата, косовскиот премиер Албин Курти рече дека е оптимист во врска со постигнувањето договор, но одговорноста за потпишувањето на договорот ја префрли на Вучиќ.

„Дали ќе успее или не, вие добро знаете дека тоа не зависи само од мене“, рече Курти.

Претставникот на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар изјави дека очекува финализирање на анексот за спроведување на Договорот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

– Не сме фокусирани на потпишување, туку на финализирање на договорот – нагласи Ескобар во интервју за Радио Слободна Европа во Охрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Добар пример кој го воодушеви регионот: Момче…

Косовските медиуми го фалат гестот на 12-годишник…

Протест на Србите во Северна Митровица: За…

Србите од северот на Косово денеска се…

Има само шест години: Малиот Никола од…

Никола Јовиќ од Сремска Митровица е мал…

Србија ќе изгради музеј во чест на…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…

Нови протести против ископувањето на литиум во…

Во Јагодина, Сремска Митровица, Инѓа и Книќ…